Мобилните апликации навистина ни се од голема помош во животот, дури и при патувањата и авантурите тие мoжат да Ви бидат најдобри пријатели. Доколку сте тип на човек што обожава да патува и тоа го прави често, овие неколку апликации навистина ќе Ви бидат од корист. Ќе го привлечат Вашето внимание дури и ако патувате за прв пат.
- Google Maps – Можете да го користите ГПС дури и кога сте офлајн и да зачувате мапи и омилени места.
- My eVault – Чувајте ги сите важни броеви и лозинки на еден безбеден простор.
- Packpoint – Оваа апликација функционира како водич за пакување. Внесете ја Вашата дестинација за патување и активностите како што се планинарење, плажа, кампување, а апликацијата ќе Ви помогне со соодветни упатства што треба да спакувате во куферот, без да се грижите дали сте заборавиле нешто.
- WiFi Map – Ви помага да пронајдете јавните WiFi мрежи и лозинки.
- Flipagram – Ви помага да ги компајлирате Вашите фотографии за патувања во видео со слајдшоу и да додавате музика ако сакате.
- Hitlist – За да заштетиде време при букирање и барање на ефитни авионски карти, симнете ја следнава апликација Внесете ја Вашата дестинација, а апликацијата ќе Ви ги најде најисплатливите карти до Вашата дестинација.
- Bonjournal – Работи како мини патнички магазин, каде што можете да додавате фотографии и лесно да ги претворите во PDF, како и да ги следите пријателите.
- Moovit – Оваа аплиакција најдобро ќе Ви помогне при патување и користење на градски превоз во непознат град во кој се наоѓате. Внесете ја Вашата моментална и крајна дестинација, а апликацијата ќе Ве насочи кон најбрзата, најбезбедна и најефтина рута.
- Google Translate – Ви помага да преведувате на кој било јазик додека сте во странство. Може да зборувате во микрофон, да напишете фрази или дури да го држите телефонот за да фотографирате текст и тој ќе го преведе.
- Redzone – Во многу градови низ светот постојат одредени места каде што туристите и не се баш срдечно добредојдени. Оваа апликација ќе ја зачува Башата безбедност, доколку видите црвена ознака на мапата од апликацијата, тогаш држете се подалеку од таа област.
- Green Globe –Наведува опции за патувања за „зелени“ места, без разлика дали се хотели, одморалишта или атракции на Вашата локација .
Следетене на