Постојат луѓе кои се навистина привлечни. Понекогаш тие се само физички привлечни, а понекогаш носат магнетизам што не е поврзан со изгледот. Некои го нарекуваат шарм, некои харизма…
Луѓето фрлаат толку многу пари за да бидат привлечни, барем однадвор, но во суштина што е привлечноста?
Секогаш кога луѓето сакаат да изгледаат привлечно, тие размилсуваат да ја променат фризурата или шминката, но изгледа начинот на кој другите те гледаат не лежи само во физичкиот изглед. Всушност, постојат многу мали навики што можат да ги натераат луѓето да ве перцепираат позитивно. Ова не само што ќе помогне да привлечете потенцијални партнери, туку и Вашите пријатели, колеги или други луѓе околу вас ќе уживаат во Вашето друштво. Се разбира, сите се привлечни на различен начин, но некои навики се универзални и им помагаат на другите да се чувствуваат добро.
Подолу можете да прочитате неколку едноставни навики кои можат да ја зголемат вашата харизма, самодоверба.
1. Смисла за хумор
Има причина зошто среќните и шармантните луѓе имаат многу пријатели и љубовници. Среќата се смета за една од најатрактивните работи кај нас. Имено, луѓето се привлечени од позитивните емоции и смирени чувства и насмевката може да биде знак на пријателство и отвореност. Способноста да се смееме некое време е многу важна за сите нас. Чувството за хумор е неверојатно привлечно. Ако сте позитивна личност, толку многу луѓе ќе сакаат да бидат околу вас. Никој не сака вкочанети луѓе.
2. Страст за живот
Страста за живот повлекува ентузијазам. Одете на возбудливо место. Слободните луѓе кои имаат навика да вршат возбудливи активности се попривлечни.
3. Способност за донесување одлуки
Способноста да се донесесуваат паметни и брзи одлуки е многу скап атрибут.
4. Љубезност
Насмевката во разговорот е главна одлика на симпатичните луѓе, честопати е доволно само ненаметливо да се насмеете. Мора да бидете љубезни со пријателите, па и со непознатите луѓе. Љубезните луѓе редовно го користат името на неговиот соговорник додека зборуваат или ги поздравуваат по име кога се сретнаа на улица. Ако имаме проблем да се сетиме на името на другата личност, воопшто не е непријатно доколку културно го запрашаме за неговото име. Луѓето ги избегнуваат оние што сакаат да бидат во центарот на вниманието. Доволно е да бидете пријателски и внимателни. Кога привлекувате внимание заради некои достигнувања, не смееме, а да не ги спомнеме луѓето што ни помогнале во нашиот успех. Ова ќе покаже дека сме скромни и внимателни – двете најважни карактеристики што ги дополнуваат симпатичните луѓе.
5. Отворен ум
Луѓето обично се обидуваат да се прилагодат на општеството во кое живеат и луѓето со кои се опкружени. Но, дали е тоа здрав начин на живот? Без оглед колку и да се трудиме, ќе има луѓе кои нема да ви се допаѓаат па и вие нема да им се допаѓате на нив. Затоа треба да знаете точно кои сте и секогаш ќе бидете такви што сте. Оние што не сакаат најмногу, го виделе најлошото од нас и сè уште не сакаат. Другите луѓе, не се ни толку важни. И, секогаш ќе бидете попривлечни ако сте оригинални и свои.
6. Прикажете доверба
Дискретно допирајте го соговорникот за време на разговорот, тоа дава јасна претстава дека можете да се чувствувате слободни и дека можете да се потпре на Вас. Со внимателно слушање покажете му дека сте личност од доверба. Многу е убаво да бидеме опкружени со луѓе кои имаат доверба во себе.
7. Прифаќање на другите
Ние секогаш мора да прифаќаме луѓето без разлика какви се тие. Кога некој ќе ги прифати другите, сите ќе го сакаат. Од друга страна, кога прифаќаме само група луѓе, немаме тенденција да привлекуваме други луѓе. Многу студии покажале дека луѓето формираат мислења за личноста во првите седум секунди од состанокот, додека остатокот од времето се обидуваат да го оправдаат мислењето. Првиот впечаток зависи од позитивниот јазик на телото, цврстото ракување и опуштениот пристап.
Следетене на