Настинките, особено во овој период се многу чести, а знаат да бидат и доста проблематични. Лековите секогаш и не помагаат, или нивниот резултат е краткотраен. Дали некогаш сте размилсувале за алтернативи како што се етеричните масла? Резултатите од многубројни истражувања во светот, тврдат дека есенцијалните масла, можат да помогнат многу при лекување на настинка и грип. Постојат голем број на антивирусни масла како што се лаванда, пеперминт и др. Етерични масла се познати за борба против вирусни и бактериски инфекции. Етерични масла се комбинции од различни хемиски соединенија кои потекнуваат од растенијата од кои се земени. Поради ова, есенцијалните масла се користат уште од античко време за нивните лековити и терапевтски придобивки.
Есенцијално масло од еукалиптус
Според многу студии маслото од еукалиптус има имунитетни и антимикробни ефекти. Негова главна компонента е 1,8 – цинеол. Антивурисните и антифунгалните својства можат да имаат позитивни ефекти врз настинката.
Есенцијално масло од пеперминт
Мешавина на есенцијални масла од еукалиптус и пеперминт може да помогне во лекувањето на синусите. Чајот од пиперминт исто така може да помогне со проблемите на затнат или растечен нос, како и болка во пределот на синусите. Покрај спречувањето на студ и грип, есенцијалното масло од пеперминт може да ја зајакне енергијата.
Есенцијално масло од цимет
Една студија од 2010 година откри дека циметот, може да ги намали вирусните молекули кај пациенти за неверојатни 90% . Ова може да биде како резултат на својството на интензивно затоплување и смирувачко дејствие што го има циметот. Дури и пиењето на чај со цимет може да го затопли Вашето тело.
Есенцијално масло од чајно дрво
Инхалација со лисјата од чајно дрво е познат метод за лекување на кашлица и настинка. Студиите покажуваат дека есенцијалното масло од чајно дрво нуди антибактериска, антифунгална и антивирусна заштита.
Есенцијално масло од лаванда
Есенцијалното масло од лаванда е едно од најчесто употребуваните есенцијални масла. Тој нуди одлична антиоксидантна заштита, уништувајќи ги слободните радикали кои ги предизвикуваат болестите. Овие слободни радикали исто така можат да го ослабнат имунолошкиот систем. На некој начин, есенцијалното масло од лаванда го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против студот и грипот.
Есенцијално масло од мајчина душица
Маслото од мајчина душица работи како тоник стимуланс и е доста корисно во лекувањето на респираторни инфекции, астма и бронхитис. Маслото има и антибактериски својства.
Следетене на