Денот на заљубените веќе се ближи, но дали знаевте дека дури 40%, од запросувањата се случуваат токму на овој ден? 15% се за време на Божиќните празници. Според некој податок минатата година имало околу 375.000 запросувања во светот, токму на Денот на вљубените. А тоа се мноогу свршенички прстени! Водени според оваа статистика се одлучивме да им посветиме една статија. Се обидовме да откриеме кои свршенички прстени ќе бидат тренд оваа 2020 година.

Прелистувајќи ги онлине продавниците и новите колекции на познатите производители на накит заклучивме дека оваа година трендот го носат прстените со обоените камења, прстените со три скапоцени камења и некласични форми на прстени. Како изгледаат овие свршенички прстени кои се највисоко на агендата за 2020 година?

Прстени со камења во боја

 

Според познатиот производител на скапоцен накит Мишел О и Медоларк, овие модели на прстени со обоени камења се предвидува да ја задржат својата популарност и во 2020 година. Мишел О објасни: „Без разлика дали станува збор за единствена поп-боја или целосно разнобоен аранжман на камења  , мислам дека сè повеќе луѓе ќе изберат да ја изразат својата љубов во боја. Додека Пантоне не само што ги објави моделите туку и ја предвиде и точната боја на годината а тоа е сината. Во светот на накит, ја гледаме оваа боја и веднаш мислиме на сафири “.

Прстени со три камења

Tiffany & Co Three Stone Diamond Engagement Ring Platinum

Инспирирани од прстенот на принцезата Беатрис, оваа година дефинитивно е годината на овој модел на свшенички прстени. Тоа го потврдува и нејзиниот дизајнер Шон Лин. Производителите на накит пак го потврдуваат овој тренд, изјавувајќи дека побарувачката на овој модел на свршенички прстен се повеќе се зголемува.

Прстени со нестандардни форми

Дијамантскиот заоблен прстен е вечен тренд, па затоа оваа година експертите најавија дека ќе видеме нешто надвор од оваа класика. Дизајнерите изјавуваат дека брилијантните или овалните камења поставени на неконтрационален начин се здобиваат со популарност, а тие гледаат повеќе барања за овие уникатни модели.