Немате искуство околу одгледување на собни растенија? Сакавте да внесете малку живост во Вашиот дом, но сеуште не знаете кое растение да го изберете и кое би одговарало на одреденото место. Тука сме ние да Ви помогнеме во изборот со неколку совети.

Растенијата и дрвата не значи дека се само за на отворен простор. Доколку не знаете што да направите со некој агол во Вашиот дом, едно прекрасно растение е вистинскиот избор. Тоа ќе го освежи Вашиот простор. Не бидете скептични кон изборот, прочитајте за нивните карактеристики.

Шефлера – Schefflera

 

Ова растение дефинитивно е наменето за оние кои немаат многу искуство со одгледување или имаат многу малку време да им посветат. Единствено што му треба е многу светлина и малку вода, еднаш во неделата. Ви гарантираме дека за кратко време ќе Ви процвета.

Pachira Aquatica – Пахира Акватика

 

Познато е како ,,дрвото на парите“. Ова растение може да достигне и до три метра висина. Стеблата на ова цвеќе можат да се исплетат и да изгледа навистина декоративно. Многу е важно да го чувате на добро осветлено место, колку повеќе светлина толку побргу се разгранува. Северната страна не му одговара, температурата треба да биде над 22 степени, а во зима да не биде под 15 степени. Внимавајте да не го пресадувате во зима, кога е изложено на греење, бидејќи тоа ќе придонесе за сувост на почвата. При наводнувањето многу е важно да внимавате водата да не допре до стеблото или до средината, вода ставајте на работ од саксијата или во чинијата под него. Ова преубаво собно дрво  ќе Ви успее доколку го наводнувате 2 до 3 пати неделно со мала количина вода.

Сансверија – Sansevieria

Ова декоративно собно растение е познато уште како ,,индијанско перо“ или ,,змиска билка“. Неговото потекло е од топлите краеви на Јужна Африка. Ова растение е идеално за луѓето со премногу обврски, бидејќи не бара многу посветеност а изгледа преубаво. Нејзините листови нараснуваат и до 80 сантиметри во висина, не бара многу влажност. Може да се чува и во сенка, но имајте го во предвид фактот дека доколку го чувате во сенка листовите нема да имаат толку изразити шари. При залевање со вода внимавајте земјата да не биде влажна помеѓу двете залевања. За време на зимата може да се залева и еднаш месечно, додека во лето на секои 10 дена. Вмимавајте водата да не го допира растението, а водата која ќе се собере во подлошката да ја испразните.

Собна палма – Livistona chinensis

Позната уште како ,,кинеска палма“. Ова растение има преубав и елегатен изглед и е многу лесно за одржување. Потребна им е светлина, па најдобро е да ја поставите на јужната страна во домот. Во лето може да ја изнесете надвор, но внимавајте кога е најсилно сонцето треба да биде засенета. Во лето бидејќи почвата се суши побргу налевајте ја почесто, додека во зима поретко, само кога им е многу сува почвата. Ако воздухот е премногу сув, пропрскувајте ги понекогаш листовите со млака вода. Внимавајте и на чистотата на листовите. Одвреме-навреме е добро да ги пребришувате со влажна крпа, за да ги ослободите порите.

Beaucarnea Recurvata

Buy Potted Bloomscape Ponytail Palm Indoor Plant

Ова растение потекнува од топлите краеви на Мексико па е идеално за затворен простор. Кај народот е позната како ,,слоново стапало“. Ова собно дрво бара многу светлина, па потрудете се да е изложено на светлина. Многу е отопрно и може да се одгледува и во станови со централно греење. Не поднесува влажност, па затоа внимавајте доколку ја изнесете надвор, да не ја фати дожд. Залевајте ја само кога почвата и е многу сува, односно еднаш во две недели со малку вода која не треба да биде многу студена. Исто внимавајте во чинијата под саксијата да не стои вода. Доколку лисјата почнат да и пожолтуваат, а нејзиното здебелено стебло стане меко тоа е знак дека сте и ставиле премногу вода, па веднаш пресадете ја и исечете го врвот додека не наидете на здраво стебло.