Често слушаме за накит, чанти кои вредат и по неколку милиони долари, но дали сте верувале дека постојат и фустани кои вредат и многу повеќе? Овие елегантни и лускузни фустани блескаат со скапоцености. Тука издвоивме неколку од најскапите вечерни фустани во светот. Уживајте во глетката!

Maria Grachvogel’s precious dress

Драгоцениот фустан на Марија Грачвогел кој чинеше  1,8 милиони долари.  Фустанот е обложен со повеќе од 2.000 дијаманти и има свилен корсет, кој исто така е украсен со дијаманти. За прв пат беше прикажан на модната ревија на Марија Грачгегел.

Worlds-most-expensive-dress-unveiled11

Црн дијамантски фустан од Деби Вингам вреден 5,5 милиони долари. Овој фустан го создаде британскиот моден дизајнер Деби Вингам и беше претставен на модната ревија во Киев. Украсен е со 1.000 црно-бели дијаманти, а рачно бил работен половина година. 

Nicole Kidman at the 1997 Oscars

Фустанот кој го носеше Никол Кидман, по креација на Диор, на Оскарите во 1997 година, вредеше 2 милиони долари. Креаторот на овој уникатен фустан ризикуваше со изборот на бојата, што на крај очигледно се исплатеше!

Овој софистициран фустан е дизајниран од Фаизали Абдула. Овој вечерен фустан е изработена од тафта, сатен, шифон и свила е украсена со дијаманти од 70 карати и 751 Сваровски кристали. За прв пат беше прикажан на фестивалот „Стенјо гран-при КЛ“ во 2009 година.

Most Expensive dresses ever: Cate Blanchett, 2014.

Целиот изглед на Оскарите во 2014 година на Кејт Бланшет, заедно со чевлите и накитот беше проценет на 18.1 милиони долари. Фустанот е дизајниран од Armani Privé и украсен со стотици Сваровски кристали.