Веганите се луѓето кои не комсумираат храна со животинско потекло. Најчесто желбата да бидат вегани произлегува од моралната и етичка грижа за околината. Веганизмот се стекнува со популарност и сè повеќе луѓе избираат да водат таков животен стил, а во последниве години се забележува растечки тренд кај сите возрасти. Интересен факт е дека само во минатата година, 3 милиони Британци го смениле начинот на исхрана, исклучувајќи го месото и млечните производи од нивното мени. Ова се популарните светски ѕвезди кои го смениле животниот стил и се приклучиле кон групата на веганска исхрана.

assorted fruits and vegetable on brown wooden chopping board

 

Зак Ефрон несомнено има едно од најсекси тела што сме ги виделе, но тој исто така строго се придржува кон својата веганска исхрана. И кој е твојот изговор за не вежбање секојдневно и водење здрав начин на живот?

Резултат со слика за singer sia

Пејачката Сија е во веганскиот клуб од 2014 година, а во 2020 година ќе учествува во документарец поврзан со нејзината исхрана.

Ариана Гранде изјавува дека многу повеќе ги сака животните од луѓето, а со тоа и го открива веганизмот.

Резултат со слика за meghan markle

Меган Маркл во 2016 година изјавува дека дозволува да се јаде месо и млечни производи само за време на викендите и се придржува кон режимот на веган во текот на неделата.

Мадона својот изглед го должи на строга микробиотска веганска исхрана која овозможува да консумира исклучиво само овошје, зеленчук, житарици и цедени сокови.

Мајли Сајрус ја промени исхраната во 2014 година, кога го изгуби кученцето и изјави дека не сака да ги користи животните на тој начин.

Џенифер Лопез се чувствува многу подобро и поенергично благодарејќи на нејзината исхрана, но наведува дека има само едно нешто што не може да го откаже, а тоа е путерот.

Стиви Вондер е исклучително задоволен од неговиот сегашен животен стил, тврдејќи го тоа во добро позната американска емисија.