Секој лукузен моден бренд многу вложува во онлине маркетинг кампањи. Меѓутоа за еден бренд да биде луксузен многу зависи и колку е популарен во онлине светот, односно во социјалните мрежи. Тука ги издвоивме најпребаруваните и најпопуларните светски модни брендови.

Gucci заслужено се наоѓа на првото место, бидејќи навистина најмногу се истакнува и е најпопуларен кај луѓето што уживаат во висока мода. На социјалната мрежа Инстаграм се откриени дури 60 милиони постови со нивниот хаштаг, а исто така овој бренд е најмногу гуглан.

Chanel гo добива второто место, а најмногу пребарувани се chanel торбите и парфемот Bleu de Chanel. Оваа година, овој бренд навистина се истакна со своите глаурозни кампањи, па може и затоа се најде на второто место за најпребаруван бренд.

Louis Vuitton го достигна врвот со својата овогодинешна соработка со брендод Supreme, а онајмногу претражувани се торбите, паричниците и коланите од овој моден бренд.

Брендот Rolex e следен во оваа листа. Тој имаше богата интернет кампања оваа година, која му донесе навистина импресивни резултати.

Tiffany е број 5 во оваа топ листа, име на бренд кој постои приближно 100 години и во најново време се повеќе ги прибилжува своите производи до обожавателите од виртуелниот свет. Се решија во својата кампања да вклучат и познати светски ѕвезди како Lady Gaga. Најмногу претражувани се огрлици, нараквици, прстени.