Луксузот не познава граници, а од секогаш пенливиот шампањ бил број еден асоцијација на луксуз и моќ. Ние сме тука да Ве разубедиме. На светот постојат други поскапи пијалоци од кои едно шише може да Ве чини и над 3 милиони долари. Погледнете кои се трите најскапи пијалоци во светот:

Tequila Ley .925

Ова шише текила чини 3,500,000 долари. Дали сте спремни за „tequila party“? Пијалокот е напавен од чисти сокови од плава агава кои ферентираат 6 години. Шишето е украсено со бело злато, платина и дијаманти. Последното шише е продадено по оваа цена во 2006 година.

Henry IV Dudognon Heritage Cognac Grande Champagne

Освен неговата старост од еден век, овој пијалок го краси и неговото луксузно пакување. Шишето е изработено од платина и злато, а украсено со 6.500 илјади дијаманти.

Diva Vodka

Оваа вотка е произведена преку троен процес на филтрирање, преку мраз, преку кора од нордиски брези и на крај преку песок и скапоцени камења. Во внатрешниот дел на пакувањето е исполнета со сваровски кристали.