Во ова тешко време на пандемија, кога секојдневно слушаме многу лоши и тешки работи низ светот, време е да се свртиме и кон позитивните работи.
Потојат и позитивни работи на кои не научи пандемијата на вирусот. Еве некои од нив:
Научивме да ја цениме убавината на природата
Во моментите кога сме затворени дома, конечно сфативме колку ни значи природата. Само неколку минутна прошетка во природа ни вреди злато. Тогаш забораваме на мобилните телефони и целата технологија. Огромен број на снимки кои се појавија се доказ дека воздухот и природата е почиста, шт е голем придонес во борбата против глобалното затоплување.
Убавината е во хуманоста и помагањето на другите
Во овие последни денови кога во светот се случуваат лоши работи, свесни сме дека имаме само еден живот, единствено решение да се спасиме е да си помагаме едни на други.
Откривме колку е важна дружбата со пријателите и роднините
Многупати дружењето со пријателите и роднините ги остававме во втор план, бидејќи никокаш немавме време. Во моментите кога сме затворени дома, откривме колку ни недостасуваат сите тие семејни собири и кафе и разговор со пријателите и колку се тие важни за нашето постоење.
Луѓето станаа покреативни
Сите големи и мали фирми сега максимално го користат својот потенцијал. Се организираат достава до дома, состаноци од дома, работа од дома, театрите организираат театарски престави преку интернет, музеите имаат свои виртуелни посети.
Откривме дека здравјето е најважно
Научивме да уживаме во ситните работи кои секојдневно ги правиме дома, како што се топла купка, топло кафе, живот без стрес и брзање некаде. Откривме дека единственото што вреди е здравјето.
Следетене на