Дел од овие предмети може ги имате во Вашиот дом, но не знаевте дека ја привлекуваат позитивнта енергија и според ,,Фенг шуи“ Ви донесуваат среќа и хармонија во домот. Проверете го следниов список, она што го немате, потрудете се да го набавите!
Ламба
Доколку во Вашиот дом недостига природен извор на светлина, ламбата не е само декор туку и задолжителен предмет кој треба да го поседувате. Светлината е стимулатор на енергијата, а ламбата ќе Ви помогне да го насочите прококот на Ки енергијата во вистинската насока.
Ароматични предмети
Пријатните ароми во домот ствараат позитивна атмосфера и евоцираат спомени. Тие многу влијаат врз енергијата во домот, па затоа обидете се да користите нежни мириси на ароматични свеќи или етерични масла.
Билки
Билките и домашните цвеќиња не само што го разубавуваат Вашиот простор туку многу допринесуваат за подигање на нивото на позитивната енергија. Го исполнуваат просторот со духовна хармонија и ја активираат енергијата во просторот. Меѓутоа внимателно изберете ја нивната локација, препорачуваме да не ги сместуваме блиску до местото наменето за одмор, најдобро поставете ги на ормарите, близу прозорците.
Огледало
Овој предмет е надарен со мистични способности и се смета за извор на енергија. Според тврдењата на кинеските мудреци, најдобро место за да го поставите огледалото подалеку од прозорот или влезната врата(односно прозорците и влезните врати да не се во негов одраз), затоа што во спротивност позитивното Ки никогаш нема да влезе во домот.
Организатори
Организаторите во домот го привлекуваат здравјето и слогата во семејството. Најдобро е кога ,,секој предмет си го знае местото“. Многу е вистинито и правилото дека секој предмет кој не се искористил ниту еднаш во изминатите два или три месеци, треба да го исфрлите од домот, за да го исчистите просторот.
Следетене на