Во пресрет на спектакуларната и екстремно значајна ноќ за сите нас,92-то издание на Академијата за доделување на најпрестижната награда Оскар, на која ќе учествуваат и нашите сограѓани од Медена земја, Ви претставуваме неколку интересни факти поврзани со самиот настан.

Актер кој има освоено најмногу награди:

Филмската дива Кетрин Хепберн има освено најмногу Оскари за глума, односно четири Оскари од вкупно 12 номинации. Хепберн победи за своите улоги во филмовите:

„Утринска слава“ (1933).

Погодете кој доаѓа на вечера (1967)

Лавот во зима (1968)

 „Златното езерце“ (1981)

Филм кој има најмногу Оскари:
Три филмови го делат рекордот за најмногу Оскари.

Титаник (1997)

Бен-Хур (1959)

 Господарот на прстените: Враќањето на кралот (2003)

Секој од филмовите номинирани на Академијата Оскар освоија по 11 награди, во годината во која биле номинирани. Ова е најголемото и најбројно достигнување за еден филм.

Филмовите:

All About Eve (1950)

La La Land (2016)

имале 14-ет номинации за Оскар и заедно со Титаник спаѓаат во најбројно номинирани филмови во историјата на Оскарите.

Филмските уметници од Македонија по втор пат се препознаени и признати од страна на најстарата медумска церемонија Оскар. За прв пат е номиниран филмот Пред дождот во режија на Милчо Манчевски за најдобар странски филм во 1994 година.

Годинава на 92то издание на оваа свечена цермонија каде се доделуваат награди од Академијата за филмски уметности и науки како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, вклучувајќи глумци, режисери и сценаристи, е номиниран Медена земја:За најдобар документарен филм и За најдоар страснки филм.