Комбинизоните долго време веќе се хит помеѓу жените и не само што се модерни туку се и многу практични. Во согласност со приликата бирајте елегантни, спортски, комбенизони во вид на одело, не морате да се грижите дали Вашите парчиња облека се ускладени. Овие модели ќе бидат хит оваа сезона.
Широките ,,работнички“ спортски комбинизони се баш практични, бидејќи не го ограничуваат движењето. Освен ,,casual“ стил може да го комбинирате и со елегантни детали, а спортски со патики.
Тексас комбинизоните уште од 90тите се хит помеѓу жените и секогаш се дел од врниот моден свет. Така и оваа сеозна 2020 година ќе биде дел од најважните трендови, ќе го носиме со патики, штикла, сандали.
Комбинизоните се Ваше идеално решение и за итните деловните состаноци. Изгледајте елегантно за кратко време, изберете темно сина боја, црна, или класично плава која ќе биде боја на 2020 година.
За Вашите вечерни излегувања изберете елегантни комбинизони, комбинирајте со плик чанти, елегантен накит.
Сликите се превземени од Pinterest
Следетене на