Eдна од најстрашните теми од животот на студентите е математиката. Токму затоа голем број на компании се обидуваат со години да го решат овој проблем. Додека учите алгебра или било која друга сложена математика, многу често се случува да „заглавите“ со некоја тешка равенка. Постојат многу аликации кои се обидуват да Ви помогнат со математиката, но апликацијата Photomath е различна од сите конвенционални апликации. Оваа апликација помага во решавање на сите математички проблеми, само со допир на едно копче и тоа буквално!
Оваа апликција е достапна на Google Play и iOS.
Како што Ви сугерира и самото име, Photomath ги решава сите математички равенки преку слика. Вклучете ја апликацијата и сликнете ја равенката, а апликацијата ќе Ви даде решение веднаш. За користење на оваа апликација Ви е потребен смартфон со камера и инсталирајте ја. Инсталацијата на оваа апликација е апсолутно бесплатна.
Само скенирајте го проблемот што треба да се реши со камерата на апликацијата. Ова ќе биде проследено со детално решавање на дадениот проблем. PhotoMath дава соодветно објаснување за процесот на равенката.
Основачот на Photomath, Дамир Сабол, вели дека оваа апликација е преземена над 36 милиони пати на Android и iOS. Taa e една од првите 5 едукативни апликации во САД. Услугата PhotoMath + е достапна комплетно бесплатна до 30 ноември, после овој датум премиум користење на апликацијата ќе се наплатува.
Следетене на