Дали знаевте дека козметичката индустрија беше одговорна за производство на повеќе од 120 милијарди единици амбалажа (кои претежно беа нерециклирани) минатата година. Ако сакаме да внесеме реални промени во заштита на животната средина тогаш треба да проследиме неколку промени во врска со секојдневната козметичка рутина. За жал, чест е случајот да производите што се продаваат со „еколошки“, „органски“ или „одржливи“ етикети да доаѓаат во лукусузни цени. Еколошката козметика треба да биде опција за секој потрошувач – не само за оние со поголем приход. Еве лесни начини со кои можете да купувате еколошки.
1.Купувајте производи што не само се пакувани во рециклирани пакувања, туку користат и рециклирани материјали за производство. 90,5% од пластичниот отпад што се произведува не се рециклира, така што, се разбира, купувањето на целосно рециклирачки производи е чекор во вистинската еко насока.
2. Пронајдете соодветни алтернативи за влажните марамици. Еднократната употреба на влажните марамици не е добра за околината, сите сме свесни за тоа. Околу 11 милијарди влажни марамчиња, секоја година завршуваат расфрлани во отпадот, а бидејќи се направени од пластични влакна тие не се лесно разградуваат. Одредени земји како што е Холандија ја прекинаа продажбата и производството на влажни марамици. Изберете некои од следниве солуции кои ќе Ви бидат идеална замена и слободно може да ги фрлате во кантата за отпадоци. На пример користете микрофибер крпи, кои може да се користат и до 500 пати, а шминката може да ја избришете само со вода. Друго решение е да користите биоразградливи марамчиња или сунѓерчиња.
3.Користете парфеми на полнење. Купувањето козметички производи и парфеми со полнење, наместо целосно нов производ, може да заштеди до 70% на CO2, 65% на енергија и 45% на вода според истражувањето спроведено од центарот LCA. Опциите за повторно полнење, исто така често се нудат и за луксузни производи, каде клиентот може да заштеди пари за повторно купување скапа амбалажа и завршување на старата во отпад. Голем број на козметички куќи го нудат и следново решение – вратете ги назад празните амбалажи и добијте попуст на новите.
Рециклирањето на козметичките пакувања често може да биде тешко, бидејќи нивните пакувања користат различни материјали како што е стакло, метал, пластика. Затоа на луѓето им е полесно да ги фрлат во корпата за отпадоци отколку за рециклирање. Обидете се да најдете козметички производи кои се изработуваат од материјали кои лесно се разградуваат и кои се направени од 100% одржливи состојки, парабени и сулфатни состојки. Пример природни шампон-сапуни, четки за заби и чепкалки за уши изработени од бамбусово дрво, дрвени четки за коса и др.
Следетене на