Многумина од вас можеби се соочиле со предизвикот,научиле и веќе ги користат, но некои се уште имаат “страв” да пробаат азиски вкусни специјалитети со азиски прибор.

Дрвените стапчиња се најкористениот прибор при конзумирање на било каква азиска храна. Можеби на почетокот изгледа немозможно нивното користење, но во принцип лесно се користат и нивната примена може да ни прерасне во секојдневие.

За да ви помогнеме во совладување на овој предизвик, ви предложуваме да го погледнете следното видео, од кое за една минута ќе научите како правилно да ги користите стапчињата за јадење.