Кога веќе го усовршивте нанесувањето на црниот ајлајнер, зошто да не пробате нешто ново? Многу жени сметаат дека белиот ајлајнер е ,,too much“, но кога правилно ќе се нанесе Ви гарантираме дека ќе добиете софистициран и гламурозен ,,make up“ изглед за новогодишната ноќ. Освен тоа, со него визуелно ќе ги зголемите Вашите очи. Следете ги следниве правила:
1. Нанесете го само на делот од капакот кој се гледа доколку очите се отворени, така ќе добиете изглед дека целите очи се прекриени, а всушност се работи за илузија.
2. Сакате претенциозен и амбициозен изглед? Нанесете го под долните трепавици!
За нежен и впечатлив изглед, различно и впечатливо, нанесете го во тенка линија над окото. Оставете линиите да ги следат веѓите.
За оние кои сеуште не можат да се одречат од црниот, Ви предлагаме комбинација од црн и бел.
Истакнете ги внатрешните агли на окото со бел ајлајнер.
Следетене на