ТВ водителката Лила Филиповска во нејзината долгогодишна кариера, медиумите ја врзуваа со многу познати и згодни мажи. Таа никогаш не демантираше,ниту пак сакаше да каже кој е типот што и го освоил срцето,се додека таа јавно не почна на Инстаграм да објавува фотки од него. Кој е фраерот што конечно ја освои Лила? Името му е Рагнер, потекнува од скопската населба  Чаир и е прекрасен црно-бел мачор. Лила вели дека тоа било љубов на прв поглед и оттогаш тие се неразделни.Водителката и инфлуенсерка планира да му отвори и на мачорот Инстаграм профил бидејќи нејзините фанови очекуваат и тој да стане првиот мачор инфлуенсер исто како неговата славна мама.