23тото издание на ,,Златната бубамара на популарноста“ под мотото „Нема правда, има Бубамара“ се одржа вчера вечер во Скопје во А1 Арената. Како и секоја година, така и оваа, ова фасцинантно шоу на публиката им понуди многу смеа, забава, а свеченоста ја отвори настапот на членовите на таноцвото студио ,,Еурека“. Водител беше Сашко Коцев. Овие ѕвезди се накитија со награди ,,Златна бубамара“.
Танцовото студио Еурека добија Златна Бубамара за инклузивност, која посебно е наменета за претставата ,,Пепелашка“, во која главна улога имаа децата со попреченост.
Македонскиот филм кој беше номиниран за Оскар ,,Медена земја“ се закити со награда за Интернационален успех во областа на филмот. Бубамара за ,,Животно дело во областа на филмот“ беше доделена на Столе Попов.
Интернационалната награда за животно дело заслужено ја однесе Раде Шербеџија. Македонскиот евергрин ,, На Велигден“ на Џинас Папа Џокси, беше избран за Златна бумабара во новата категорија ,,Песна за век и векови“. Награда за ,,Трајни музички вредности“ однесе рок-бендот ,,Електрични оргазам“. Ристо Вртев доби „Златна бубамара за Трајни музички вредности во рок музиката“.
За „Најпопуларен ТВ проект “беше избран серијалот на ,,Преспав“. „Најдобра сатирична емисија“ е ,,Фчерашни новости“. Пресреќни беа членовите на емисијата „Дајте музика“ бидејќи нивниот труд е награден со Златна бубамара за „Најпопуларна детска емисија“.
За „Најдобра регионална пејачка“ беше прогласена Јелена Розга, а за „Пејач на годината“ беше прогласен Влатко Лозановски. Награда за „Концерт на годината“ отиде кај Влатко Стефановски, додека Тамара Тодевска се закити со две награди и тоа „Пејачка на годината“, а песната ,,Proud“ беше избрана за „Хит на годината“.
Во категоријата спортски награди, награда за ,,Спортски подвиг“ доби алипинистката Илина Арсова, која успеала да го искачи врвот Винсон висок 4892 метри, кој се наоѓа на Антарктикот. Со овој спортски успех таа е првата македонка која ги искачила највисоките планини на седум континента. Бубамара за најдобар ,,Спортски успех„ -доби РК Вардар.
Кога зборуваме за театарот, дефинитивно најдобра театарска претстава беше ,,Мој термин“ во продукција на МНТ, а за Актер и актерка на годината беа избрани Јордан Симонов и Тања Кочовска. За најдобра ТВ актерка беше избрана Јелена Јованова.
Награда за „Прва труба“ доби Џамбо Агушев, додека за „Амбасадори на македонската култура“ беа прогласени ансамблот „Танец“. Бубамара за „Животно дело во областа на музиката“ зеде кавалџијата Ангеле Димовски.
Фотографиите се превземени од порталот Femina.mk
Следетене на