Ако ја следите страната на „Ербнб“ сигурно ќе ,,налетате“ на многу интересни понуди за изнајмувања, како на пример Малибу вилата на Барби. Во пресрет на Денот на вљубените, оваа понуда сигурно ќе Ве заинтригира. На овој ден можете да ја изнајмите куќата на Јулија во Верона за еден ден. Куќата музеј на Шекспир е прилагодена на нејзиниот вистински изглед од 1930 година. Ако сакате да бидете првата двојка во оваа деценија што ќе преноќи во спалната на Јулија, во оригиналниот кревет од филмот од 1968 на познатиот Италијански режисер Франко Зефирели.  Двојките кои сакаат да учествуваат треба да напишат писмо до Јулија. Писмото треба да содржи своја љубовна приказна и причината зошто младиот заљубен пар би сакал да остане во куќата. Љубовните ентузијасти кои одлучуваат да ја споделат своката приказна и да се натпреваруваат ќе добијат ексклузивна вечера со свеќи подготвена и сервирана од познатиот готвач Пербелини. Приватна турнеја во Верона по стапките на Ромео и Јулија каде Ве прати и професонален фотограф.

Е ова е најромантичен начин да го поминете денот!

View this post on Instagram

Where is my Juliet?🙄

A post shared by 정일우 JUNGILWOO 🇰🇷 (@jilwww) on