Постои едно непишано правило – секогаш книгата е подобра од филмот кој е снимен според нејзината содржина. Зошто е тоа така? Сето она што Вие го замислувате и мечтаете додека ги читате редовите, ликовите кои сами ги замислувате, ниту едно филмско платно не може да го замени. Тука е листа на прекрасни содржини кои имаат и своја филмска адаптација, па затоа уживајте во топлината на Вашиот дом со овие зачудувачки добри приказни, кои не залудно се вбројуваат во бестселери. Уживајте во Вашата имагинација пред да купите карта за во кино.
Свртување на завртката – Хенри Џејмс
Оваа хорор приказна на Хенри Џејмс е напишана уште во 1898 година, а сега доживува свој „come back“ и на филмското платно. Дејството се случува на напуштен имот. Прочитајте за мистериозните случувања на двете деца и дадилката. Читајќи го романот сигурно ќе ја вклучите Вашата фантазија во решавање на загатките околу духовите. Доколку веќе ја прочитавте книгата уживајте во хорор филмот.
Невидливиот човек – Херберт Џорџ Велс
Во прашање е филмска адаптација според романот на Х.Џ.Велс, една морничава приказна која најпрвин треба да ја доживеете низ книгата. Да напоменеме дека книгата има огромен број на позитивни критички оцени од страна на читателите и уредниците.
П.С. Сè уште те сакам – Џени Хан
Оваа слатка тинејџерска љубовна приказна мора најпрвин да ја почуствувате низ книгата. Оваа книга е бестселер на Њујорк Тајмс. Сите тие љубовни сплетки од тинејџерските денови одново ќе ги доживеете низ редовите на книгата, а потоа уживајте и на филмското платно.
Ема – Џејн Остин
Овој филм можеби веќе го гледавте, снимен е во далечната 1996 гоина. Но сега од 21 февруари ни стигнува во ново руво. Ема е главниот јунак во романот напишан од Џејн Остин во 1815. Приказна за богата, разгалена девојка која живее со нејзиниот хипохондричен татко. Девојката која има добра душа, ужива да ги спојува осамените срца во нејзиното место, но постојано запаѓа во некакви несакани сплетки, па го ужасува нејзинот супер загрижен татко. Иако веќе сте го гледале филмот Ве советуваме да ја прочитате книгата, нема да Ве остави рамнодушни.
Повик на дивината – Џек Лондон
Емотивна приказна која сигурно ќе Ве разнежни. Во книгата се зборува за искрено пријателство помеѓу кучето и главниот лик Харисон Форд. До сега според оваа книга се снимани повеќе филмови кои поминаа неуспешно, но последниот е навистина полн погодок. Ве советуваме да ја прочитате книгата за најдобро доживување на тие преубави природни пејсажи.
Следетене на