Овие неколку бренда изградија висока репутација и долги години се познати по своите лукс модни колекции и квалитет. Тие се статус симбол во модниот свет и доказ на моќта, па затоа и нивните производи чинат многу. Излезе листата со најскапите и наjлуксузни бренодови, а ние ги издвоивме првите пет.
1.Оскар Де Ла Рента
Ова е дефинитивно најлуксузниот бренд кој е најпопуларен кај богатите и славните. Овој познат бренд се појавил уште пред 60 години, а дизајнирал за првата дама Lady Jacqueline Kennedy. Овој бренд креира елегантни вечерни фустани, венчаници, а соработува и со кралското семејство.
2.Louis Vuitton
Овој бренд одамна е на листите од топ 3 најпопуларни и луксузни брендови. Брендот датира од 1854 година и до ден денес е познат кај многу светски ѕвезди и политичари. Поседува над 500 продавници во 50 држави.
3.Gucci
Постои од 1920 година, создаден од Guccio Gucci и до ден денес останува на листата од топ 5 лукс модни брендови. Не само што е скап и модерен овој бренд се прослави и по својот квалитет во изработката. Кога ќе го комбинираме луксузот, цената, славата и квалитетот сфаќаме зошто е топ 5.
4.Hermes
Кожни чанти, парфеми, накит е дело на овој историски бренд кој датира од 1837 година. Своите креации ги изработувал рачно со многу труд и внимание па затоа и денес е главен избор на богатите и славните. Кога зборуваме за луксузно, во 2011 година чантата Birkin на Хермес достигна неверојатни 203,105 долари на аукција.
5. Chanel
Француската дизајнерка Coco Chanel не само што го создаде и прослави овој бренд, туку остави белег во историјата како револуционерен вовед во високата мода. Од парфеми до луксузни парчиња гардероба, овој бренд има богата ризница и еден од омилените особено кај жените.
Следетене на