Кога имате омилена боја, па дури и да е бела, зошто мора да ја мешате со други бои? Вашиот дом може да го има луксузниот сјај дури и кога е уреден во само една боја. Секако дека варијацијата на бои е многу важна за ентериерот, но тоа не значи дека и монохроматскиот стил нема да биде перфектен. Доколку ја инјектирате Вашата персоналност и си поиграте со текстуален контраст и тонски нијанси го имате очекуваниот резултат. Погледнете ги нашиве предлози.
Доколку планирате во Вашиот простор да ја вметнете сината боја, тогаш слободно додадете и лак сјај на Вашиот мебел, кој ќе ви биде светла точка во собата. Како неутрална боја користете ја белата.
Црно-белиот спектар ќе Ви даде забавен и модерен изглед на домот. Слободно додадете сива неутрална боја или златен декор. Црно белиот ефект кој го замисливте нема да се изгуби, а во комбинација со овие две бои ќе добие на интензитет и допир на топлина.
Розевата е една од најромантичните бои, па зошто да не ја внесете во Вашиот простор. Иако монохроматското уредување алудира на уредување во иста боја, тоа не значи дека не треба да си поиграте со нијансите и различните тонови од истата фамилија на бои.
Следетене на