Можеби не знаевте дека Вашето домашно милениче-мачката, не само што е Ваш верен пријател, туку му годи и на Вашето здравје? Постојат многу научни факти и докази дека мачките се уникати и посебни животни. Звукот на нивното „предење“, мекоста на нивните крзно смирува и прави да се чувствуваме навистина добро. Дури 90% од жените изјавиле, дека им се допаѓаат мажи кои чуваат мачка за домашно милениче, бидејќи ги сметаат за љубезни и внимателни. Прочитајте зошто мачките се добри за здравјето на луѓето.
Звукот кој го испушта мачката или т.н ,,предење“ , помага при заздравување на коските, мускулите. Тоа со години се користело за терапевтски цели за да се намали болката во мускулите, бидејќи вибрира со фрекфенција помеѓу 20 и 140 Hz. Оваа фрекфенција може да ја подобри и подвижноста на зглобовите.
Мачката ги смирува нервите, го намалува стресот и вознемиреноста, а тоа резултира со здраво срце. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Ако имате мачка дома, ризикот од срцев и мозочен удар Ви е намален за 30%.
Вашите домашни миленици-мачките ќе Ви помогнат да се ослободите од негативноста, стресот и анксиозноста. Сопствениците на мачки спијат подбро, бидејќи не им недостасува љубов – тоа е сигурно. Овие луѓе зрачат со поголема енергија и оптимизам.
Едно истражување докажало дека децата кои растат со мачки и биле изложени на присуство на мачки се помалку склони кон алергии.
Следетене на