-Приватни разговори и некои слики од по дома. Па тој година дена ни се правеше семеен пријател, ни доаѓаше дома на гости, а јас нема да се шминкам и дотерувам кога сум по дома. А тој тајно снимал се, секој разговор, раскажува Мелита за ММС.
Екс водителката Мелита Ракичевиќ била уценувана од момче од Струга, кој го злоупотребил нивното пријателство, тајно ја снимал и почнал да ја уценува.Компромитирачките снимки и разговори тој сакал да ги наплати со сума од 5 илјади евра. Мелита сличајот го пријавила во полиција.
-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.К.(36) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во јуни 2020 година во Охрид пријавениот се запознал со М.Р., по што интензивно комуницирале на пријателска база и тој цело време тајно ја фотографирал и ги снимал сите меѓусебни телефонски разговори. Откако таа му укажала дека помеѓу нив има само пријателство, тој започнал да ја уценува и ѝ се заканувал дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде пари со цел да ги наруши нејзините чест и углед, се вели во билтенот на МВР
Следетене на