Активисти на фондацијата FOUR PAWS, ги однесоа мечките Марко и Мартина, а сега Сем и Џамила ( нов живот, нови имиња) од Скопје ЗОО, во нов живот во AROSA Bear Sanctuary во Швајцарија. Двете мечки живееа во несоодневтни улови од нивниот вид ,па затоа скопската ЗОО режи да им најде природен резерват за мечки.
– “Благодарност највеќе до Four Paws кои и овојпат помогнаа и овие две односно четири мечки да добијат подобар живот, а секако нај нај фала за моите колеги кои го прифатија предизвикот и дење ноќе бевме во Зоо со тимовите од странство на неколку пати бидејќи се правеа подготовки и медицински прегледи за транспортот. Сите неспиени, ама среќни, едвај чекам слики од мечките кога ќе бидат пуштени надвор во тој преубав рај каде што се сега“,вели портпаролот на зоолошката градина Тина Мицковска.



Следетене на