Убавата Миа Костова некогаш палеше и гасеше на Тв екраните.Со нејзината специфична појава, имиџот и начинот на водење на емисиите,остави голема трга во македонскиот шоу биз.Денес оваа млада жена е успешен инфлуенсер. Со годините убавата Миа го менуваше имиџот.Урбаниот стил на згодна скопска цура го фура и денес. Тетоважите и се заштитен знак,а се што Миа ќе изрекламира на Инстаграм станува хит.За Миа велат дека е пис на јазик, но искрена,дека ги сака животните и дека е супер мама.Се што мисли ви кажува во лице,особина која денес, е вистинска реткост. За урбаната мода и нема рамна.