Младата македонска кик-боксерка Миа Тодорова (17) во интервју за style.mk вели дека спортот и тренинзите ја научија да биде смирена личност. Миа ги руши стереотипите за девојките кои се занимават со боречки спортови.

Од каде се роди твојата страст и љубов кон овој спорт ?

-Знам дека ќе звучи малку клише,ама уште од мала почнав да се занимавам со машки спорт. Најпрвин заедно со брат ми трениравме фудбал но не ни се јави некоја поголема желба да продолжиме. Кога подпораснавме прво почна брат ми да тренира кик-бокс а јас рекреативно на кик-фит и често одев на натпревари да го гледам и гледајќи ги борбите така ми се роди желба да почнам и јас со редовни тренинзи и натпревари.

Што е за тебе Кик Бокс ?

-За мене Кик бокс е една голема љубов кон спортот, како боречка вештина која спаѓа во групата на стенд–ап борбени спортови. Кик боксот се смета за боречка вештина формирана од комбинации на елементи на разни спортови.

Која е твојата најголема инспирација ?

-Мојата најголема инспирација е најпрвин брат ми Марко Тодоров и мојте тренери Дејан Митровски -Урко и Александар Стевковски.

Како реагираат луѓето кога ќе дознаат дека си кик-боксерка иако се смета дека ова е „машки спорт“

-Па секогаш на почетокот малку со чудење ме гледат кога ќе им кажам што вежбам , ама покасно се навикнуваат, а има и такви кои постојано ме убедуваат дека не треба да се бавам со кик бокс, дека девојчето треба да биде женствено а не да се „тепа“

Колку е популарен овој спорт во Македонија ?

-Па овој спорт во Македонија сега почнува да се развива меѓу младите, а и меѓу девојчињата. Така да сега во последните неколку години е формирана и Федерација на Кик Бокс- Мај таи благодарение на господинот Деан Митревски – Урко кој се залагаше Македонија да биде застапена и на Европско и на Светско првенство.

Во кој клуб тренираш ?

-Тренирам во кик бокс клуб Шампион

Колку натпревари си имала до сега и кои се твоите резултати ?

-До сега сум имала повеќе од 20 борби , и сега за сега мислам дека имам добри резултати 4 години по ред Државен првак На Баланско првенство 1во место На Европско првенство имам 3то место На Светско првенство маутаи исто така 3то место На Светски куп 2ро место Во 2019 година бев избрана за најуспешна млада спортистка во Македонија.

Каква личност си надвор од рингот иако овој спорт важи за „агресивен и опасен спорт“?

-Надвор од рингот сум сосема друга личност, спортот и тренинзите не научија да бидеме смирени личности, некој што не ме познава никогаш не би рекол дека се занимавам со ваков спорт. И би сакала да истакнам дека дека Кик боксот воопшто не е агресивен спорт, можеби е опасен од некои повреди, ама не и агресивен.

Што би ги посоветувала оние кои планираат да започнат со овој спорт ?

-Слободно да почнат со тренинзи, еве во моментот баш се и уписите некај дојдат во клубот кај што тренираме ние, сите сме како едно големо семејство и сите си помагаме едни на други. Физичката и психичката подготвеност е многу битна за нашиот раст и развој за понатамошниот живот. Едноставно сме тргнати од улиците и сме на правиот пат за понатака да се формираме како една добра личност. Нема никој да погреши ако започне со овој спорт што би се кажало „во здраво тело здрав дух“.

Освен кик бокс дали имаш други занимавања ?

-Не моментално сеуште учам средно училиште и сум посветена само на кикбоксот.

Миа Тодорова често е активна на социалните мрежи инстаграм каде што ја следат скоро 30.000 следбеници и тик-ток со над 100.000 следбеници.

@miatodorova1Fala viii na 100k followers 😱❤️🥳♬ I LOVE EM by JVKE x Stromae Alors on Danse – JVKE 🌩
@miatodorova1@trpeski45♬ Follow tievlone – Tie Vlone
@miatodorova1Edno od drafts♬ Bust Your Knee Caps – amanda