Трендовите најчесто се диктирани на модните писти, од септември па наваму големите модни куќи ги презентираат своите нови колекции. Но тие не се крајни! Благодарност на социјалните медиуми, трендовите можат да се раѓаат и преку ноќ, па како ни се наближува пролетта, се повеќе се соочуваме со нови детали и модни комбинации. Нови детали на торбите, тренди накит, продолжете со читање на статијава, за да се запознаете со парчињата кои ќе бидат хит во модниот свет,  сезонава што доаѓа.

Мали чанти со ремени од ланци

Yellow Croc-Effect Chunky Chain Handle Mini Bag | CHARLES & KEITH US

Малите чанти со ремен од ланец ќе бидат хит сезоната пролет/лето 2020 година, а освен на социјалните мрежи доста ги гледавме и на модната недела.

Маици и кошули со ластик

Овој модел веќе доживеа своја револуција, а модните инсајдери повторно го вратија на модните писти. Сезонава ќе ги гледаме се почесто.

Големи персонализирани прстени со иницијали и знаци

Иако на модните писти често ги гледавме ѓерданите-ланец, на социјалната мрежа Инстаграм се популарни познатите гравирани „кралски прстени“ кои ни се враќаат од историјата.

,,Карирани“ дезени

The Ace of Ease Wrap Dress in Bright Gingham in XL, #ModCloth

Овој принт секогаш е хит на топлото време, а оваа година ќе доживее голем пресврт. ,,Пикник-принтови“ во примарни бои ќе ја одбележат сезоната.

POPLIN BLOUSE WITH PETER PAN COLLAR - View All-SHIRTS | BLOUSES-WOMAN | ZARA United Kingdom
Винтиџ стилот повторно ни се враќа и ни го носи моделот на кошула кој често го гледавме и минатата сезона. Комбинирајте ги со фармерки, панталони, шорцеви.