Патувањето во Азија може да биде навистина прекрасно доживување со сите тие антички храмови, колоритни бои, разновидната кујна. Но има уште една страна која вреди да се истражи, тоа е потемната ,,creepy“ страна која навистина е атрактивна кај туристите.

Следниот пат кога сте во Пекинг, погледнете го Забранетиот град, неверојатно популарна туристичка атракција што е типично затворена – за живеење, барем – ноќе, или останативе места (на ваш сопствен ризик ) Бидејќи, обратно од богатата историја на Азија, овде станува збор за злобно минато што, ако прашате некои луѓе, е сè уште живо и денес.

Овие се најпрогонети места во Азија, дали сте доволно храбри да ги посетите?

Форт Бангар, Индија

Ова место некогаш било кралство, а сега е најпрогонето место во Индија. Форт бил изграден 1631 година, исполнет со палати и храмови, па потоа мистериозно напуштен. Постојат повеќе теории зошто овој град бил напуштен од кои едната вели дека некој фрлил проклетство затоа што храмот фрлал сенка врз неговиот дом, додека другата дека причина е црна магија. Меѓутоа, како и да е на ова место посетата е официјално забранета ноќе, па така што може да го посетите преку ден. Ако се осмелувате…

Лоанг Сиву, Индонезија

Ова зграда има своја историја. Таа била изградена во раните 1900-ти години, како главен центар за холандската железничка компанија „Ист Индија“, пред да биде преземен од јапонски војници и да се користи како затвор за време на Втората светска војна. Тука се одржала крвава битка помеѓу индонезинските и холандските сили. Денес важи за место преполно со духови, а мештаните во близина тврдат дека посебно опасен е духот на младата холанѓанка која во тоа време и на тоа место се самоубила.

Забранетиот град, Кина

Овој град бил дом на кинеските империи вкупно 5 века и е најпосетеното место од страна на туристите кога доаѓаат во Пекинг. Ова место ноќе е затворено за посета, заради неговата мистериозна природа и страшна легенда која вели дека духовите се појавуваат најмногу во текот на ноќта и тогаш се најопасни.  Една од најпознатите легенди за духови особено предупредува на жената во бело која се појавувала, а нејзиниот гласен плач се слушал насекаде во храмот. Извештаите за овој страшен дух датираат од 1940-тите.