Уверени сте дека организирање церемнонија за Вашата венчавка ништо нема да промени, но доколку малку размислите можеби ќе се уверите дека не е така. Венчавката е голем чекор во Вашите животи, а денот кога го кажувате судбоносното ,,да“, треба да остане запаметен. Кога Вашите роднини и пријатели се покрај Вас, овие зборови имаат посебна моќ. Пред да се откажете од класичната свадба, размислете уште еднаш, за подоцна да не се каете. Овие се неколку класични митови за свадбените церемонии кои често ги слушаме.

gold-colored bridal ring set on pink rose flower bouquet

-Секоја венчавка е скоро иста!

Пред да се откажете од Вашата венчавка, размислете за сите опции, каде можете да ја направите. Преубава и сензуална свадба може да се организира, покрај езеро, во шума, или на било кое друго место кое заеднички ќе го изберете.

-Глупо е да се потрошат толку многу пари за само еден ден. 

Многу од денешните парови, својата касична свадба ја заменуваат за патување. Но од друга страна, патувањата ќе ги имате уште многу во животот, меѓутоа, денот кога го започнувате својот заеднички живот е само еден. Трошењето многу пари за Вашата венчавка и не е неопходно. Можете да организирате интимна венчавка со најблиските.

groom and bride standing on narrow pathway

-Добра свадба е тешко да се организира, немаме време за тоа!

Припремата и организацијата на свадба бара многу енергија и знае да биде многу исцрпувачка, но тука се сите тие агенции за организација на венчавка кои во овие моменти сигурно многу ќе Ви бидат од корист. Единствено што се бара од Вас е да повремено се состанете со организаторите, да се напиете кафе и да се договорите за деталите. Тоа сигурно ќе Ви се исплати, ќе имате прекрасни моменти за паметење и огромен број фотографии што ќе ги покажувате на Вашите внуци.

photo of a man and woman newly wedding holding a balloons

-Венчавката е само една обична прослава!

Имате право на вакво размислување, но од друга страна не го сместувајте во истиот кош со обична прослава за празници или слави. Овој ден е посветен на љубовта, искреноста, на почетокот… Венчавката е денот, кога со Вашите најблиски ќе го прославите Вашиот најубав миг во животот.

people raising wine glass in selective focus photography