Волнените капчиња, не се сметаат баш за следбеници на модата, меѓутоа ако знаете да ги носите на вистинскиот начин, може да изгледате модерно и тренди со нив. Пример за тоа е Дејвид Бекам, кој е навистина дисциплиниран во врска со модата, волнената шапка честопати е дел од неговиот изглед. Како и многу други работи во светот така и во модата, не е важно што се носи туку како се носи. Ако помислвте дека зимските шапки, баш и не ве обожаваат, тогаш размислете уште еднаш, можеби не ги носите правилно.
Класична шапка
Ова е најкласичен облик за волнена шапка, кој е најпопуларен. Слободно можете да ја комбинирате со зимскиот капут и класичен ,,outfit“.
,,Рибарска“ шапка
Идеално одговара со „workwear“ стил, за перфектен ,,street“ изглед. Запамтете, оваа оригинална волнена шапка мора да ја носите над увото.
,,Bubble“ шапка
Интересна зимска шапка со пом-пом додадок. Иако ова не е баш совршен декоративен елемент во машката мода, интересен е податокот дека влече корени дирекно од војската. Војската на Наполеон носела вакви пом-пом додатоци на шапките за да ги разликуваат од другите. Носете ваков тип на шапка со потемни бои и скромна големина. Комбинирајте ја со џемпери во универзални бои, карирани кошули.
Широка капа
Овој модел веднаш не потсетува на Дејвид Бекам и неговата ,,baggy“ шапка. Комбинирајте ја со спортска гардероба, со фармерки, дукс, спортски јакни.
Следетене на