На Кала Патар , Монт Еверест кој се наоѓа на 5, 643 метри надморска височина се одржа ревијата ,, Mont Everest Fashion Runway“. Учествуваа 18 модели, а најсреќен беше светскиот топ модел Алесандро Егер, бидејќи тој го освои рекордот и ја отвори портата на Гинис.
Голем број од учесниците се откажувале со текот на времето, бидејќи како што пренесува списанието Men’s Health, ни секојдневниот строг режим на исхрана, ниту вежбањето, низ кое поминуваат професионалните манекени не беа доволни. Овој храбар подвиг бара и голема психо-физичка припрема. Голем дел од екипата се вратиле. Поради тешките временски услови оваа ревија во живо била следена од само 20 гости, а и зимата не е многу омилено време за туристите во овој предел.
Во интервјуто за списанието ,,Men’s Health“, Алесандро изјавува дека единствено што го спасило, освен строгиот режим била психологијата. Однесувањето според препораките од локалните водичи, пиење многу вода, посебна исхрана, огромен студ, бил сам по себе голем предизвик. Концептот и пораката на оваа ревија била да со помош на модата се испрати предупредување за климатските промени.
Извор: Men’s Health
Следетене на