Ситните и ниски девојки исто така се соочуваат со проблем за да ја најдат вистинската облека што им одговара. Доколку спаѓате во оваа категорија проследете ги следниве правила, па изборот на соодветна облека ќе Ви стане многу поедноставен.
– Носете гардероба со принтови. Само внимавајте принтовите да не бидат прекрупни и премногу упадливи.
– Избегнувајте ги големите и гломазни чанти. Фокусирајте се на мини торби, или со средна големина.
– Бирајте пократки модели на јакни и капути. Потрудете се да бидат струкирани и да не Ви паѓаат под колковите.
-Носете здолништа над колената. Миди и здолниште под колена визуелно ќе ја скратат Вашата висина уште повеќе. Моделите кои ја пратат линијата на Вашето тело, се Ваш идеален избор, зоошто ќе ги истакнат Вашите облини.
– Многу е важна и должината на ракавите. Потрудете се кога ќе купувате сако или блуза должината на ракавите да биде 3/4.
Следетене на