Познати цитати на една од најубавите жени во светот.Моника Белучи со своите изјави го воодушеви светот.
-Кога работев како модел, никогаш не чувствував дека кон мене се однесуваат како кон предмет.
Ќерка ми ми рече: „Мама, јас сакам да бидам како тебе. Не сакам да работам. Сакам да бидам мајка. И кога ќе пораснам, ќе работи мојата ќерка.“ Тоа е прекрасно, таа смета дека јас не работам.
Ги почитувам тајните. Нив умеат да ги чуваат само дораснати луѓе.
Никогаш не би посакала повторно да имам 20 години. Сега сум многу посреќна, отколку тогаш, бидејќи на таа возраст се спознаваме себеси, се обидуваме да разбереме што сакаме да бидеме, патиме од несигурност. Сега точно знам што ми е потребно – а без што можам да живеам.
За мене да остареш значи да станеш подобра.
Не треба да ги мразите луѓето кои ви завидуваат – тие ви признаваат дека сте подобри.
Убавината станува поекспресивна и поинтересна кога е прекриена со облека.
Што ќе правам кога ќе остарам и кога мојата слика во огледалото веќе нема да ме радува? Истото што го правела и мојата мајка. Нема да се гледам во огледало – ќе ги гледам моите деца.
Следетене на