За сите љубители на шминката следи интригантна вест, наскоро во Њујорк ќе биде отворен првиот музеј за шминка во светот. Овој музеј ќе ја претстави историјата на женската убавина преку ротирачки изложби на еволуцијата на шминката низ годините. Првата изложба ќе биде насловена Pink Jungle и ќе ја претставува шминката и познатите брендови од 1950 година. Тука ќе може да ги видите иконичните make – up трендови од 50-тите и начинот на кој светските диви ги користеле.
Извршниот директор и основач на музејот вели дека овој make up музеј е критична инситуција за културен пејсаж на Њујорк, па и целиот свет. Шминката има 10.000 години долга историја и доаѓа уште од старите Еѓипќани во облик на моливи за очи кои се користеле за гејша make up во Јапонија па се до денес.
Картите за отварањето на овој музеј ќе бидат на продажба од март, следната година, а листата на чекање за влезници е веќе отворена.
Сликите се превземени од сајтот thespaces.com
Следетене на