Ви ги претставуваме топ 10те најбогати писатели во светот:

На 10то место е Џефри Арчер (Jeffrey Archer), кој започнува да пишува после неговата политичката кариера. Делата на Џефри Арчер се распродадени во 330 милиони копии низ светот. Неговата нето вредност е 195 милиони долари. Претежно пишува новели, а некои од неговите дела се адаптирани за театарски и телевизиски изведби.

На 9то место е Џон Гришам (John Grisham), тој е меѓународно познат американски писател, неговата вредност е 220 милиони долари со што го прави деветиот најбогат писател на светот.

На 8то место е Нигел Блеквел Nigel Blackwell, неговата нето вредност е 292,5 милиони долари.

7мо-то место е за Барбара Тејлор Бредфорд (Barbara Taylor Bradford) со нето вредност од  300 милиони долари. Нејзините книги се продадени во над 80 милиони примероци во 90 држави. Бестселер и новелистка во Англија која е наградена од кралицата Елизабета Втора за нејзината препознатливост и нејзиниот удел во англиската литература.

На 6то место е Даниел Стил (Danielle Steel), американска новелистка, која според Forbes е најчитана и најпродавана жива писателка со 800 милиони копии продадени од нејзините книги. Нејзиното богатство вреди 310 милиони долари.

5та е Нора Робертс (Nora Roberts) има 390 милиони нето вредност. Позната американска писателка која има  напишано повеќе од 200 романтични новели. а започнува со пишување кон крајот на 70тите години.

На 4то место е Стивен Кинг (Stephen King ),поседува богатство од  400 милиони долари. Прогласен е како автор на современата непредвидливост, фантазија, хорор и научна фантастика. Многу од неговите книги преминале во интернационално познати филмови, како што се  “IT” и “The Shining”.

Џејмс Питерсон (James Patterson) вреди 560 милиони долари нето и со тоа е 3от најбогат писател на светот.

Џ.К. Роулинг (Joanne Kathleen Rowling),  е добро позната како ”мозокот” позади комерцијалната успешност на Хари Потер. Нејзината целокупна нето вредност е 1милијарда со што е 2ра најбогата писателка.

На 1во место е Елизабет Бединтер (Elisabeth Badinter), француски филозоф, писателка и историчарка. Позната е по нејзините феминистички дела и дела за улогата на жената во современото општество. Именувана е како најинфлуенсен интелектуалец, а нејзината нето вредност е проценета на 1,3 милијарди долари.