Денот на вљубенот е асоцијација за вкусен коктел со Вашиот партнер/ка. Уште поромантично е кога коктелот ќе го направите сами и ќе го изненадите. Еве неколку предлог коктели за да го прославите Денот на љубовта.
Чоколадо и јагода? Нешто што задолжително мора да го имате за Денот на вљубените. За подготовка Ви се потребни само 5 минити и овошно млеко со вкус на јагода, пола чоколадо стопено, ликер од бело чоколадо, водка и јагоди за декорација. Измештајте ги состојките додавајќи и мраз во шејкерот или во блендер. Стопеното чоколадо ставете го во посебен сад и допрете го врвот од чашата за да ја декорирате со чоколадо. Истурете ја содржината од блендерот и украсете со јагода.
Мимоза грејпфрут
Зимата е идеално време за цитрус, а вистинска комбинација е кога е помешан со шампањ.
Потребно Ви е розев шеќер за декорација на чашата, 1/2 чаша сок од грејпфрут, шампањ. Измешајте го шампањот и сокот од грејпрут во шејкер и малку мраз. Розевиот шеќер натопете го во доплнителен сад со шампањ и декорирајте ја чашата.
Мимоза со јагоди и шлаг
Потребни Ви се 10 јагоди, мелени бисквити, сладолед од јагода, ванила водка, шампањ и шлаг. Навлажнете ја чашата со јагодата и залепете од мелените бисквити за декорација. Додадете сладолед од јагода, ванила водка, шампањ. На крајот додадете шлаг крем, наросете од бисквитите и украсете со јагода.
blob:https://www.delish.com/12a84eac-e134-4a07-aa44-43141de1757e
Следетене на