Како секој почеток така и нашиот не е исклучок и не се издвојува од останатите а посебно за нешто што е непознато или многу малку познато кај нас, како подна вештачка трева буквално која е идентична со природната на лик па се до допирот на неа, исто така зелената двостраната ограда исплетена од цинкова мрежа и пвц трева која едноставно нуди и 100% приватност во балконите или дворовите а секако заштитува и од прашини, и веќе доста познатиот наш зелен ѕид или “GreenWall” кој го изработуваме со основа од густи африкански треви со додатоци кој ги аплицираме на неа од имитации на егзотични растенија и разновидни треви кој се причинител на разубавувањето на бројни деловни и домашни простории. За жал но вистинит фактор кој ни беше можеби главен промотор и помогна во забрзувањето на остварување на нашите зацртани идеи во развој на продажбата и изведувањето проекти е неочекуваната Ковид драма и целата нејзина фама поради кој се случуваа забрани за движења, изолации итн што доведе на народот дефицит на слобода или потреба од природа во нивните простори а секако можеби и се создадоа доволни заштеди за реализација на нашите идејни понуди.

Одговорноста и предизвикот за нас секогаш е почуствуван на различен начин, но секогаш клиентот наш го оставаме задоволен на еден единстевен и професионален начин!
Задоволните клиенти се темелот на нашето постоење и се поголемиот успех во проектите кој ги изработуваме. Чест и задоволство ни претставува што сме “виновници” за разубавувањето на нивните балкони, дворови и деловни простори.
Тајниот рецепт или магијата за успешност и веќе не е тајна а ни магија, сите добро знаеме што е потребно а тоа секако е пред се искреноста и довербата со клиентот која е потребна да се изгради уште при прв остварен контакт едноставно секој од нас бара да го осети чуството на стабилност, прецизност, конкретност или едноставно кажано ПРОФЕСИОНАЛНОСТ.
Од тој аспект започнува и називот наш “Green Grass-Professionals” кој како и што потенциравме пред малку дека нашата дејност е продажбата а подоцна поради побарувањата на клиентите овозможивме и монтажа на подни вештачки треви, зелени двострани огради и вештачко декорно уредување или “GreenWall” за што и горди сме на досега сработените проекти воедно и благодарни на нашите клиенти кој ни ја овозможија таа прилика и секако поради нив да ја докажеме професионалноста и изградиме патот по кој чекориме моментално кон поголеми и побројни проекти.

Green Grass Professionals
Skopje
Email: greengrassprof@gmail.com
Contact: +(389)77 761 603
Facebook link: www.facebook.com/greengrassskopje/

Instagram link: www.instagram.com/greengrassprofessionals