Дали верувате во вистинска љубов? Дали верувате во љубов на прв поглед? Дали верувате во љубов која трае вечно? Овие љубовни приказни ќе ја обноват или засилат вашата верба во љубовта … Тие се најпознатите љубовни приказни во историјата и литературата, тие се бесмртни.

Ромео и Јулија

Ова е веројатно најпознатите љубовници досега. Оваа двојка стана синоним за самата љубов. Ромео и Јулија е трагедија напишана од Вилијам Шекспир. Нивната љубовна приказна е многу трагична. Приказната за двајца тинејџери од две семејства со спротиставени ставови кои не ја подржуваат нивната љубов. Во книгата на Шекспир  пишува дека се вљубуваат на  прв поглед, а потоа стапуваат во брак, но за жал нивната врска завршува кога и двајцата си ги одземаат животите поради не поддршката од нивните семејства.

Клеопатра и Марк Антониј

Вистинската љубовна приказна на Антониј и Клеопатра е една од незаборавните, интригирачки и движечки приказни на сите времиња. Приказната за овие два историски лика подоцна била драматизирана од Вилијам Шекспир и сè уште се претставува преку драми низ целиот свет. Врската на Антониј и Клеопатра е вистински тест на љубовта. Тие се за заљубиле на прв поглед. Односот помеѓу овие двајца моќни луѓе го става Египет на моќна позиција. Но, нивната љубовна врска ги лути Римјаните, кои во тоа време биле претпазливи за растечките сили на Египќаните. И покрај сите закани, Антониј и Клеопатра се венчале. Се раскажува дека додека се водела битка против Римјаните, Антониј добил лажна вест за смртта на Клеопатра. Растажен и погоден од веста, паднал на мечот. Кога Клеопатра дознала за смртта на Антониј, била шокирана. Неможејќи да ја издржи болката дознавајќи ја трагичната вест си одзела сопствениот живот.

Тристан и Изолда

Трагичната љубовна приказна за Тристан и Изолда е раскажана и прераскажана низ разни приказни и ракописи. Се одвива во средновеквијето за време на владеењето на кралот Артур. Изолда од Ирска била ќерка на кралот на Ирска. Таа била венчана со кралот Марк од Корнвол. Кралот Марк го испратил својот внук Тристан во Ирска за да ја придружува Изолда назад во Корнвол. За време на патувањето, Изолда и Тристан се за заљубиле . Изолда се омажила со Марк на Корнвол, но не можела да го сака, силно го заскала Тристан. Нивната љубовна афера продолжила за време на бракот. Кога кралот Марк конечно дознал за аферата, тој и простил на Изолда, но Тристан бил избркан од Корнвол. Тристан отпатувал во  Бретања. Таму се запознал со друга Изулт од Бретања. Него го привлекла сличноста на нејзиното име со неговата вистинска љубов, се оженил со неа, но не го издржал бракот заради неговата љубов кон „вистинската“ Изолда. Откако се разболел, тој испратил вест до Изолда да дојде со надеж дека ќе може да го излечи. Ако таа се согласи да дојде, едрата на бродот што се враќаа ќе бидат бели, доколку не се согласи едрата ќе бидат црни . Изулт, кога ги видела белите едра, го излагала Тристан пренесувајќи му дека едрата се црни. Тој починал од тага пред Изолда да успее да пристигне. Изолда починала набргу по неговата смрт со скршено срце.

Паоло и Франческа

Паоло и Франческа се познати ликови од ремек делото на Данте Алигери „Божествената комедија“. Вистинска приказна е: Франческа е омажена со Жанкиото Малатеста – лоша и злобна личност, но го има братот на Малатеста, Паоло, како љубовник. Љубовта меѓу нив се раѓа во моментот кога заедно ја прочитале книгата (според Данте) за Ланселот и Женевјев. Откако нивната љубов била откриена биле убиени од страната на Жанкиото.

Ланселот и Женевјев

Трагичната љубовна приказна на Сер Ланселот и кралицата Женевјев е веројатно една од најпознатите приказни. Ланселот се за заљубува во кралицата Женевјев, сопругата на кралот Артур. Нивната љубов растела бавно, бидејќи Женевјев го држала Ланселот подалеку од нејзе. Меѓутоа, на крајот, нејзината љубов и страст ја совладале и станеле љубовници. Една вечер, Сер Аграваин и Сер Модред, внукот на кралот Артур, повикале група од 12 витези во одајата на Женевјев, кои пукале во љубовниците. Сер Ланселот успеал да се избори и да избега, но кутрата Женевјев немала толку среќа. Таа била заробена и осудена да гори до смрт заради прељуба. Но,Сер Ланселот се вратил после неколку дена  за да ја спаси својата сакана Женевјев од пожарот. Целата тажна афера ги подели витезите од Тркалезната маса и го ослаби кралството на Артур. Кутриот Ланселот ги завршил своите денови во самотија како пустиник, Женевјев станала монахиња во Амесбери каде што и починала.