Кристијано Роналдо: 188 милиони следбеници, играчот на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус, три пати ја има освоено “Златната топка” како најдобар европски играч, а четири пати е награден со ”Златна копачка”.

Селена Гомез: 159 милиони следбеници, 24 годишна пејачка, актерка, композиторка и музичка авторка која дополнително беше наградена и со титулата ”goodwill Ambassador” од УНИЦЕФ. Во 2014 година на оваа славна изведувачка и беше откриен лупус (автоимуна болест која го напаѓа целото тело). Нејзината борба со оваа страшна болест и придаде повеќе популарност. Селена Гомез им покажува на Инстаграм следбениците како да изгледаат добро и во тешки ситуации.

Ариана Гранде : 166 милиони следбеници, специфичниот глас на американската барби пејачка го освојува срцето на милиони тинејџери.

Бијонсе: 134 милиони следбеници, легендарната фигура во шоу бизнисот има продадено десетици милиони од нејзините музички албуми. Наградувана е неколку пати со Греми награди. Согласно музичките критичари, Бијонсе е личност која има силно влијание врз музичкиот стил и има дадено значителен придонес во сферата на популарната музика.

Ким Кардашијан: 151 милиони следбеници, модел и актерка, учесничка во американското реално шоу “Keeping up with Kardashians” и ” Dancing with the stars”.

Тејлор Свифт: 122 милиони следбеници, најзините обожаватели ја сакаат не само поради талентот што го поседува туку и поради нејзиниот однос кон нив.

Кајли Џенер: 150 милиони следбеници, на нејзиниот Инстаграм профил постира фотографии  од дизајнерски модели на фустани, накит и слично.

Двејн ”The Rock” Џонсон: 160 милиони следбеници, познатиот холивудски актер има добиено улога во повеќе од 300 филмови. Неговото име се појавува два пати во Светската книга на рекорди, прво за неговата главна улога за која зел зашеметувачки 5.5 милиони долари и второ за неверојатниот број на слики направени само за 3 минути-105 селфиња.

Џастин Бибер: 121 милиони следбеници, поп пејачот од Канада ги привлекува неговите следбеници со  музичките изведби и со неговата едиција на парфеми.

Нејмар Џуниор : 94 милиони следбеници, 26 годишен бразилски фудбалер. Ја ажурира неговата Инстаграм страна редовно, многупати по неколку пати на ден.