Патувањето и истражувањето на преубави места е најдоброто нешто што може да го направите за да избегате од секојдневниот живот. Дали има нешто поубаво од романтично патување со партнерот? Доколку имате недостаток од романтични идеи за патување, ние сме тука да Ви помогнеме. Овие се најубавите места во светот каде може да поминете прекрасно време заедно.

Бриж, Белгија

Со причина е прогласен за најромантичен град во Европа. Бриж е бајка! Средновековен град, со прекрасните плоштади, живописни канали и калдрми. Поради каналите што минуваат низ центарот на градот, Бриж е наречен „Венеција на северот“.

Островот Скај, Шкотска

Островот Скај нуди драматични планински погледи и крајбрежни предели. Овој фанстастичен пејзаж ќе ви даде многу можности да уживате. Можете да го поминете денот во пешачење по величествената Quiraing или во турнеја низ замокот Данвеган. Како што сонцето паѓа, вечерното небо ќе ви го открие најспектакуларното зајдисонце. Романтична прошетка по брегот или само седејќи заедно, гледањето на сонцето кое се спушта зад ридовите е најрелаксирачки и романтичен начин да го поминете крајот на денот.

Киник Тере, Италија

Единствен рај скриен меѓу планините и Средоземното море на северниот брег на Италија. Нејзините карпести и панорамски патеки ќе ве остават без зборови! Тоа е фантастично романтично место и ќе остане во вашите сеќавања, како сон. Сè во ова место вреска од романса: храната, виното, шарените куќи, морето и зелените планини!

Кјото, Јапонија

Кјото е една од најромантичните дестинации кои вредат да се посетат. Ботаничките градини во Кјото имаат некои импресивни пејзажи и се полни со неверојатни бои во секоја сезона: совршено место за прошетка со партнерот. Ако успеете да ја посетите во текот на пролетта, ќе можете да уживате во романтично возење со брод по каналот Оказаки.

Замокот Нојшванштајн, Германија

Овој замок е познат и како замокот на заспаната убавица од Дизни. Најдоброто место за да ја оживеете романтичната бајка. Место кое изобилува со историја, приказна, преубави фрески.

Бора Бора

Ќе дознаете колку е посебна и уникатна Бора Бора веднаш штом ќе слетате: што ќе видите кога ќе излезете од аеродромот ќе ве остави без зборови. Светлите сини и зелени нијанси на водата се нереални, а тоа ќе биде љубов на прв поглед! Будењето во еден од надводните бунгалови ќе ве натера да се чувствувате како да го поседувате целиот свет. Да не зборувам за совршени бели плажи и илјадници тропски риби во коралните градини.

Северни светла, Исланд

Исланд е најубавото место каде може да ги видите преубавите северни светла. Најдобро време за да уживате во овој преубав природен феномен е во постудените месеци од Ноември до Јануари.

Санторини, Грција

Еден од најромантичните грчки острови, Санторини има неодолив звук за романса. Со своите варосани куќи и цркви, е една од најпопуларните дестинации за меден месец. Уживајте во прошетка по една од многуте патеки, гледајте на зајдисонце додека пиете убаво и јадете некоја вкусна локална храна.