Многмина би се согласиле дека најважната работа и главна причина за двајца да стапат во брак е нивната љубов.Но некои луѓе, покрај суптилните чувства, важни им се и многу надворешни атрибути, како што е величественоста на свадбениот банкет, сложеноста на венчалните прстени, костимот на младоженецот и фустанот на невестата. Понекогаш цената на свадбата е неверојатна сума.
Најскапиот венчален фустан според Гинисовата книга на рекорди е изработен за Luxury Brands Lifestyle Bridal Show, кое се одржа на 26-ти февруари 2006 година во Калифорнија. Големиот труд на Martin Katz Jewellers и Рене Штраус, создаде креација вредна 12 милиони долари. Со оглед на тоа дека содржи 150 каратни дијаманти, цената и не изненадува премногу. Фустанот бил претставен пред пошироката јавност на шоуто за невестински луксузни брендови во 2006 година во февруари. Сепак, и покрај изобилството на скапоцен накит, фустанот останал без купувач.
Следетене на