Тибетански мастиф е најсапото куче на светот, ова куче е многу ретка раса а и самото име ни кажува дека потекнуваат од Тибет. Овие кучиња се лојални до смрт и се однесуваат заштитнички кон своите сопственици а се сметаат и за едни од најстарата раса на кучиња во светот.

Кучето од 2 милиони долари е високо 80 сантиметри и е тешко околу 90 килограми. Новиот сопственик е 56-годишен градежник, кој планира и тој да почне со одгледување на кучиња.
Оваа сорта, која ја продаваат како “куче со лавовска крв,” во последно време преставува статусен симбол меѓу кинеските богаташи. На саемот било продадено уште еден тибетански мастиф по цена од околу 1 милион долари.


Кучето од лево, е продаено за 2 милиони долари