Ако веќе сте во потрага на места каде може да го поминете зимскиот одмор, тука составивме листа од неколку преубави ски-центри во Европа, каде може да поминете незаборавни моменти, а што е најважно нема да ве чини многу.

Вогел-Бохињ, Словенија

Скијачката област на Вогел „одзема здив“. Со гондола која се искачува вертикално низ огромните врвови што паѓаат во кристално езеро, скоро би можеле да се заколнете дека сте во Нов Зеланд, а не во Источна Европа.
Боровец, Бугарија
Поставен на северните падини на бугарскиот планински венец Рила, Боровец е преубаво место за зимски одмор. Практично пријатна просечна температура од пет степени во јануари, чистите и пространи хотели, како што се Самоков и Рила, ниските цени…
Ливињо, Италија
За уживање во италијански скијачки дух посетете го Ливињо. Снег, забава и разладување, како и ефтина храна. 
Сере-Шевалиер-Брајанкон, Франција
Оваа област е топ место за да се оди на релаксиран одмор со пријателите и семејството. Времето се чувствува побавно овде и тоа е токму она за што треба да го посетите.
Појана-Брашов, Романија
Има нешто етерично и крајно бајковито во ова место што ве мами да го посетите. Дрвените колиби сместени меѓу борови што лебдат под снегот и големите стари хотели , тоа е волшебна опција за ефтин скијачки одмор.