Овен
Очекувајте промени во вашата љубовна врска оваа недела. Можни се проблеми во комуникација со саканата личност. Фокусирајте се на добрите работи во врската. Ако сте слободни, можно е ново познанство, но не донесувајте избрзани одлуки за тоа што сакате со таа личност. Можно е и кратко патување и ново запознавања. Немате многу проблеми во однос со колегите. Потребна ви е подобра организација. Размислете малку повеќе за плановите што ги одложувате постојано.
Бик
Можни се проблеми со саканата личност. Добро би било да избегнете недоразбирања. Само треба да вложувате малку повеќе време во се. Слободни, престанете со флертување, може да се помирите и со некого од минатото. Обидете се да имате разбирање за колегите со кои работите, иако можеби нешто не ви се допаѓа во нивниот пристап кон работата. Направете компромиси. Бидете темелни и работите пополека. Можни се ненадејни трошоци.
Рак
Многу сте љубоморни оваа недела, а тоа може да биде голем проблем доколку сте во врска. Обидете се да не го иритирате партнерот со бесмислени приговори. Слободни, не флертувајте оваа недела. Кога станува збор за работата, вие сте многу напнати, но обидете се да најдете идеално решение со колегите. Вашиот успех оваа недела зависи од односите со другите. Бидете кооперативни и компромисни.
Лав
Можни се мали расправии со партнерот, но многу брзо доаѓате до решение. Ако сте слободни, може да сретнете некој кој е многу интересен и кој можеби навистина ви се допаѓа. Не го одложувајте првиот чекор премногу. Можни се проблеми со документи и документација, затоа не губете трпение. Плаќајте ги сметките на време, бидете одговорни.
Девица
Не сте задоволни од врската со партнерот. Лошата комуникација ги расипува чувствата што ги имате за него. Не анализирајте премногу, туку уживајте повеќе. Слободни, не сте расположени за нешто сериозно, флертувањето ви е доволно. Во никој случај не успевате да дефинирате се на работа и постојано ги пропуштате деловните можности на кои сметавте. Немате добра комуникација со колегите, но правете се што можете, за да не наидете на проблеми. Вашиот владетел Меркур е ретрограден и не придонесува за вашиот напредок. Се чувствувате како да не правите ништо правилно затоа што не сте фокусирани. Обрнете внимание на деталите.
Вага
Направете нешто убаво за вашиот партнер. Обидете се да го изненадите. Не чекајте тој да направи се за вас. Можно е кратко патување со саканата личност. Сега не е време за делумни решенија, туку бидете отворени и кажете им на другите што точно сакате. Проверете повеќе пати се што правите . Ќе бидете задоволни од финансиската состојба.
Шкорпија
Премногу сте чувствителни. Сакате да се посветите на партнерот. Ако сте слободни, не брзајте во врска, сега не е идеално време за тоа. Ви треба нешто што е стабилно. Имате желба да се откажете затоа што немате волја за работа. Сепак, потрудете се и не дозволувајте вашите напори да пропаднат поради лошото расположение. Бидете вредни.
Стрелец
Венера влезе во вашиот знак и до крајот на неделата ќе почувствувате подобрување. Не треба да бидете романтични и да му угодувате на партнерот. Ако сте слободни, можна е авантура. Фокусирајте се на работата, бидејќи дефинитивно ќе ви оди добро. Очекувајте успех. Конечно ќе дојдете до нови идеи и другите луѓе ќе ви бидат од помош. Можно е да соработувате со луѓе кои не се од вашето место или земја.
Јарец
Немате премногу време за саканата личност. Вашата работа е на прво место, но не дозволувајте да биде така цела недела, бидејќи може да има проблеми. Ако сте слободни, може да запознаете интересна личност преку пријатели или преку Интернет. Што се однесува до работата, оди добро за вас. Започнете се што сте планирале без одлагање. Машка личност може да ве поддржи, било да е колега или претпоставен.
Водолија
Немате потреба од љубов, од прекумерна интимност. Вашата работа е на прво место, но не го занемарувајте премногу партнерот. Ако сте слободни, ќе бидете насочени кон флертување. Можни се нови познанства. Сите ви помагаат на работа. Ќе бидете задоволни на крајот на неделата. Резултатите ќе ги видите наскоро. Конечно дојде периодот за подобрување на финансиите.
Риба
Очекувате премногу од другите. Вашиот партнер трпи голем притисок затоа што нервозата од работата ја префрлате на него. Проблемот со комуникацијата е сигурен оваа недела. Слободни, личност што ја знаете одамна може да ви влезе повторно во животот. Што се однесува до работата, сите обврски ги извршувате брзо и ништо не ви е тешко. Можни се зголемени трошоци, но треба да избегнете какви било инвестиции. Важно е да направите компромис со соработниците и се може да оди многу полесно.
Следетене на