Актерот кој некогаш го знаевме како Елен Пејџ, која светската слава ја стекна по филмот „Џуно“, а денес гордо е Елиот Пејџ, не престанува да ги воодушевува своите следбеници.

Актерот досега ретко се појавуваше без маица, а тоа го направи за прв пат веднаш по операцијата на градите, но сега не само што го покажа закрепнувањето каде лузните од операцијата едвај се гледаат, туку предизвика вистинска бура на интернет.