Во просек младите луѓе на возраст помеѓу 20 и 40 години треба да спијат најмалку 7-8 часа на ден. Добриот и квалитетен сон е многу важен за здравјето, енергијата, убавината и квалитетот на животот. Тука ќе споменеме неколку совети, кои влијаат врз добриот сон.

Пред ноќното спиење, кратка и опуштено прошетка на свеж воздух би Ви била од корист. Доколку имавте стресен и напорен ден, за тоа да не влијае врз Вашиот сон, обидете се пред спиење да направите топла купка со неколку капки масло од лаванда, камилица, липа или нане. Доколку имате проблем со заспивање многу ќе Ви помогне интензивна масажа на мускулите на нозете и појак млаз вода од топол туш.  За целосна релаксација, после бањата масирајте ги стапалата со крема богата со витамин Е, од прстите па до глуждовите.

woman lying on bed covered by white blanket

Чешлајте ја косата пред спиење, со дрвен чешел. Зошто? Тоа ја подобрува цирулацијата на главата, го олеснува стресот и ќе Ве релаксира.

Друга причинa за лош сон, е преполн или празен стомак. Стручњаците советуваат да не се внесува храна два ипол часа пред спиење. Избегнувајте го јакиот чај и кафето. Неколку голтки топол напиток како што се млеко, компот или сок од јаболка, билен чај пример од нане.

man lying down in bed beside white dog

За пријатен сон, ставете кутија со билки во близина на перницата,  ставете сушени лисја од нане, лаванда или ливчиња од роза на врвот на креветот. Просторијата треба да биде тивка, темна и ладна. Идеалната температура не е повеќе од 18 степени.

Ноќната облека треба да биде направена само од природни ткаенини и не треба да го ограничува движењето и дишењето.  Бојата на чаршафите исто така е важна. Современата медицина и дизајнерите денес претпочитаат беж-златни бои со различен интензитет и сино-сива боја. Во такви тонови се препорачува и украсување на спалната соба: ѕидовите, тепихот, завесите, мебелот. Во спалната соба, претпочитајте придушено странично осветлување – ѕидни ламби или ноќни светла.

woman lying on bed