Се трудите да внимавате на исхраната, со цел да намалите некој килограм од Вашата тежина? Но, никако не можете да се откажете од вечерата? Не грижете се. Постојат неколку рецепти за вкусна и здрава вечера кои сигурно ќе се вклопат во Вашиот строг режим на исхрана.
- Салата со домат, рукола, обезмастено сирење. Додајте и малку маслиново масло и босилек.
- Омлет од белки од јајца и печурки. Комбинирајте го со Баланс јогурт. Издинстајте ги печурките, додадете ги белките, малку лук во прав, сол и бибер. Одлична вечера!
- Пилешки стек (околу 150 гр) прелиен со лимонов сок. Запечете го на сува тава или скара, додадете маслиново масло, лимонов сок и зачини сол и бибер.
- Салата од рибини филети( од некоја помалку масна риба), домат и краставица.
- Зелена салата, комбинирана со парче немасно сирење, зелени маслинки и еден домат.
Следетене на