Факт е дека самоизолацијата е најдобриот начин да се избориме против вирусот COVID 19, како и да гг спречиме неговото ширење. Меѓутоа, целиот тој процес на затварање дома и забарана за излегување многу негативно влијае врз менталното здравје. Можно е да се појави чувство на параноја и безнадежност, особено оние кои се одвоени од семејтвото и најблиските, тврдат многу психолози. Анксиозните и депресивните моменти исто така можат да се појават. Затоа тука имаме неколку совети како да одржите здраво ментално здравје.
Придржувајте се кон навиките
Без разлика дали работите од дома, или сте без работа, прилагодете се на секојдневните рутини и направете свој план за тоа како ќе го исполните денот. Тука може да ги вклучите работните саати, утринските вежби, ручек со семејството или рпијателите преку видео разговор, медитација како и читање навечер.
Останете поврзани со блиските и пријателите
Изолацијата подразбира физичко дистанцирање не и социјално. И понатаму можете да останете во контакт со блиските без одржување на физички контакти. Користете го крупниот чат, поврзете се преку различни платформи за друштвените мрежи, видео разговори…
Бидете креативни
Вклучете ја Вашата креативност преку разни хоби активности како и ,,направи сам“ активности, односно испробајте да креирате нешто убаво преку работа со дрво, обидете се со уметност, пишување, музика, учење јазик.
Вежбајте!
Значајни студии потврдуваат дека малку вежбање во текот на денот ја убива депресијата. Само еден час вежбање во текот на неделата може да го подобри менталното здравје. Обидете се со лајв тренинзи на интернет, апликации преку кои можете успешно да вежбате. Не само што ќе се чуствувате ментално пдобро туку и физички.
Следетене на